Вечерва во Белград, на славниот “балкон“ спектакл. Беше организиран спектакуларен пречек за српските медалисти од ЛОИ во Париз. Се разбира дека во преден план беше Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, веројатно најпознатиот Србин во историјата, човекот кој на 37 години освои златен медат во Париз. Овациите беа фантастични, се шпекулира со бројка од околу 80.000 луѓе кои постојано ги извикуваа имињата на своите миленици.
“Ова е најубаво доживување кој еден спортист на Србија може да го доживее“ ги поздрави Новак присутните и им се заблагодари на поддршката.
Секако дека кога излезе на балконот Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот…па почнаа од сите страни повиците…МВП, МВП, се разбира дека овации добија и неговите соиграчи од репрезентацијата кои во Париз дојдоа до бронзата а во полуфиналето беа блиску до триумф над САД.
Тука беа и златните ватерполисти кои во финалето славеа над Хрватска во еден епски меч. Со овации беа поздравени и златните во стрелаштво Микец и Аруновиќ.
И со право, нашиот северен сосед може да биде горд на вакви спортисти, мега – ѕвезди во светски рамки.