Бешикташ сакал да го донесе Киеза, но се шокирал од барањата на играчот

1806

Хусеин Јусел, потпретседателот на Бешикташ изјави дека го барале Федерико Киеза меѓутоа се откажале поради неговите нелогични барања. Киеза е во кавга со Јувентус и сака да си оди, па се уште чека понуди од други клубови.

Бешикташ кој претходно го донесе Чиро Имобиле, сакал да го донесе и Киеза но се повлекле откако ги дознале под кои услови фудбалерот би се согласил на трансфер.
Точно е дека зборувавме за трансфер на Киеза. Сепак, фудбалерот побара плата од 9 милиони евра. Според нас тоа се нелогични барања кои не можеме да ги исполниме. Затоа тој не е повеќе во агендата на Бешикташ. Клупските интереси се поважни од имињата на фудбалерите“, изјави Јусел.

Претходно„Не добив медал затоа што доаѓам од Хрватска“
СледноПропадна трансферот на Омородион во Челзи, но во игра е Жоао Феликс