Македонската кадетска репрезентација денеска (14:30 часот) ја стартува битката за опстанок на М18 Европското првенство што се одржува во Црна Гора.
Прв противник на „црвено-жолтите“ во разигрувањето за пласман од 17-24 место е репрезентацијата на Украина која реално е убава шанса за прв триумф на овој шампионат. Покрај оваа земја, нашите кадети ќе играат против Грција и Италија.
За опстанок на истата генерација во 2026 година, Македонија ќе мора да ги освои првите две места.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина директно ќе биде пренесуван на платформата на ЕХФ, ehftv.com.