Марсеј има нов голман и продолжува да гради супер екипа

270

Поранешниот француски и европски шампион Олимпик Марсеј сериозно работи на засилувања на екипата во престојната сезона во обид да ја прекине доминацијата на ПСЖ во Лига 1. Во текот на летото го ангажираа тренерот Роберто Де Зерби, а од играчите дојдоа Мејсон Гринвуд, Пјер-Емил Хојберг и Валентин Карбони.
Покрај нив Марсеј има нов голман, а тоа е Џеронимо Рули, кој има 32 години и е аргентински репрезентативец, Доаѓа од Ајакс и за него Марсеј ќе плати 4 милиони евра, додека фудбалерот потпиша договор до јуни 2027 година.
Рули пред Ајакс ги бранеше боите на Сосиедад, Манчестер Сити и на Виљареал. Беше шампион во Лига Европа со Виљареал и ѕвезда во пенал-рулетот против Англичаните.

ПретходноЗапочна чистката во Барселона, Флик отпиша двајца фудбалери
СледноНико Вилијамс ја задолжи „десетката“ и порача: Горд сум што ќе го носам неговиот број