Како што пренесува “Марка“, Винисиус, но и неговиот клуб Реал Мадридм ја одбиле најголемата понуда во историјата на спортот, не само на фудбалот.
Имено Ал – Ахли, пребогатиот клуб од С. Арабија, доставил понуда за петгодишен договор со Бразилецот во износ од една милијарда евра. Тука не се споменуваат разните бонуси. Исто така имало и понуда до Реал Мадрид, ако се знае дека Вини е под договор со “кралевите“ од неколку стотина милиони евра.
Меѓутоа “Марка“ пренесува дека и оваа понуда, од Дон Флорентино Перез била одбиена па така пребогатите шеици од С. Арабија останале со празни раце.