На 21-годишна возраст, Нико Вилијамс беше фантастичен на Европското првенство и набрзо стана еден од најбараните фудбалери во светот. Од почетокот беше блиску до Барселона, која сакаше да ангажира уште еден врвен играч по Дани Олмо.
Вчера пристигна веста дека Вилијамс ги прифатил условите на Барселона и постигнал договор со Каталонците, кои сепак ќе треба да ја активираат откупната клаузула од 58 милиони евра и да ја завршат работата пред почетокот на новата сезона.
Меѓутоа, сега работите изгледаат сосема поинаку, откако Атлетико му го додели бројот 10 на своето лево крило. Тој претходно го носеше бројот 11, а многумина оваа промена ја протолкуваа како конечен одговор на прашањето каде ќе игра играчот роден во Гана во иднина.
„Горд сум што го добив дресот со број 10 што го носеше Икер Муниаин и што можам да пишувам историја како него“, изјави Нико, братот на Инаки Вилијамс, кој исто така игра на Сан Мамес.
Од друга страна, и навивачите на Барселона се тешат, ова може да значи само обид на Атлетико некако да го убеди фудбалерот да остане, но сепак се е во негови раце, секако и во рацете на Жоан Лапорта, кој и покрај финансиските проблеми мора да најде начин да се донесе играч и да се регистрира во исто време.
Потенцијалното пристигнување на Вилијамс во Каталонија повторно ќе го спои со пријателот и соиграч од ЕП 2024 Ламин Јамал.
Арсенал и Челзи се меѓу тимовите од Премиер-лигата кои исто така го следеа Вилијамс, но се чини веројатно дека ако тој оди некаде ова лето, ќе заврши во Барселона.