ТИМ И ИГРАЧ НА 1.КОЛО: Блесок на Ивковиќ

302

Вчера со мечевите од 1.коло стартуваше новата 2024/25 сезона во ПМФЛ. Се одиграа шест натпревари, генерално и покрај пеколните временски услови може да се каже дека проследивме солиден фудбал за наши услови.

Позитивно изненади Брера, успеа да слави над Вардар со 3:1, ама и одигра навистина квалитетно. Според “СпортСпорт“ играч на колото е напаѓачот на струмичани Ѓорѓе Ивковиќ кој постигна два од трите гола на својот тим.

Покрај него во тимот на колото од Брера се и Наумчевски и Мато, потоа од Струга ТЛ тука се Дујмовиќ, Кривањева и Компаоре, потоа Дејли од Работнички, Ристевски од Пелистер, Јахја од Воска, Потук од Гостивар и Адеми од Шкендија.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЃОРЃЕ ИВКОВИЌ

Тим: Брера Струмица

Роден: 06.03.1996 во Србија

Кариера: Колубара, Турбина, Јединство, Бежанија,Спартак, Анкаран, Телеоптик, Ушче, Сингелиќ, Панчево, Раднички Срем, Златибор, ИМТ, Акжајик, Лачи, Брера Струмица

ПретходноЃоковиќ урна уште еден рекорд на Надал
СледноОфицијално: Алварез е нов играч на Атлетико Мадрид!