ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бојан Круљ (Брера Струмица)

206

Уште еднаш се покажа дека Горан Пандев и останатиот дел од раководството на Брера Струмица не погрешија што му ја дадоа довербата на младиот стратег Бојан Круљ (35) да ја води екипата и во наредната сезона. Се виде вчера дека српскиот тренер си ја знае работата. Неговиот состав против Вардар навистина одигра квалитетно, знаеше што сака во секој момент од овој натпревар.

Коцките“ од мозаиокот се вклопени, може само да има подобрување и ете ја Брера во битка за Европа.

Се разбира дека по еден меч рано е за генерални заклучоци, но првиот впечаток е повеќе од одличен.

Нема дилеми, Круљ е одлично решение за клупата на Брера Струмица. Токму затоа пред две недели Пандев и Брера ја продолжија соработката со младиот стратег на уште една година, знаат тие што прават.

ПретходноМакедонските кадети против Естонија за продолжување на перфекцијата (ЛИНК)
СледноЃоковиќ урна уште еден рекорд на Надал