Хари Наковски: Знаеме каде треба да се поправиме за мечевите со Грузија и Грција!

144

Израел и Косово ја отсликаа играта на македонската репрезентација во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2026.Селекторот Хари Наковски се надева дека блокот и одбраната можат да се подобрат, а со тоа Македонија ќе се доближи до четвртиот континентален собир едноподруго.

В сабота нашите одбојкари ќе играат со Грузија на гости, а на 25-ти ќе ја пречекаат Грција.

Во пресрет на овие два меча, селекторот има свој коментар:

По завршувањето на “Чајка“, на мечевите со Израел и Косово, дојдовме до некоја слика, видовме во кои елементи треба да се поправиме и што не функционираше. Имавме проблеми со блокот, а потоа и со поставување на одбраната. Имаме уште неколку дена да го подобриме блокот а заедно со тоа и одбраната и се надевам дека ќе бидеме спремни за мечевите со Грузија и Грција. Формата полека ја подигнуваме на потребното ниво и се надевам дека против Грузија, која е нешто послаб противник на хартија, треба да одиграме добар натпревар. За да потоа во Скопје против Грција да го дадеме својот максимум“ посочи Наковски.

ПретходноОна кога на дресот ти пишува Швајц!
СледноБарса се пофали со Олмо пред своите фанови, после беше понижена од Монако!