„АС“:Понудата не е одбиена, Реал за Винисиус бара милијарда евра!

780

Се чини драмата околу евентуалниот трансфер на Винисиус во С. Арабија, во Ал Ахли продолжува. Имено шпански “АС“, за разлика од “Марка“ која пренесе дека понудата веднаш била одбиена и изнесувала 400 милиони евра за “кралевите“ а милијарда евра за Бразилецот, известува дека таа понуда всушност не била одбиена.

Се тврди дека Дон Флорентино Перез не сакал да разговара со претставниците на клубот од С. Арабија, туку целиот случај го префрлил кај извршниот претседател Хозе Анхел Санчез со задача да се извлече една милијарда евра.

Тоа значи дека ако Саудијците го сакаат Винисиус ќе мора да ја платат откупната клаузула, а таа изнесува милијарда евра.

Инаку точно е тоа дека Ал Ахли му понудил на Бразилецот годишна плата од 200 милиони евра, иста како на Роналдо во Ал Наср, но со договор на пет голдини. Тука се разните бонус па Винисиус за пет години би заработил и повеќе од милијарда евра.

Каде ли само оди фудбалот?

ПретходноВан Дајк призна дека не добил понуда за нов договор
Следно“Јокиќ, после Џордан, е најдобар во историјата“!