Во недела во меч од 2.коло на програмата е “македонското класико“ или “Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер. На барање на Вардар, ова големо дерби ќе се игра во вечерен термин и тоа од 20 часот и тоа на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. По пауза од три години повтрно Вардар и Пелистер на прволигашки мегдан.
Се разбира дека тоа ќе биде спектакл, ако се знае ривалитетот на двата клуба во историски рамки, но и ривалитетот на фановите на Вардар и Пелистер.
Затоа во недела навечер сите на Арена, играат Вардар и Пелистер.
Се игра “Дербито на Македонија“.