Кадетите поразени од Грција, шансата за опстанок се вика Италија

205

Македонската кадетска репрезентација не успеа да го добие важниот меч против Грција за опастанок во ЕХФ ЕУРО за две години. Нашите ракометари беа поразени со 26-25 по голема драма.

Македонија губеше со шест гола разлика во второто полувреме. Со серија од три гола успеа да намали на 25-24, но не и да приреди комплетен пресврт. Грција добро се снајде во претпоследниот напад, го најде патот до нашиот гол за 26-24, иако Пецаноски реализираше за 26-25, успеа да ја сочува оваа минимална позитива за голема радост.

Сепак шансите за опстанок и натаму постојат. Во следниот меч, Македонија ќе ги одмери силите со Италија, задачата на „црвено-жолтите“ е да слават со повеќе од еден гол и на тој начин ќе го обезбедат местото во елитното натпреварување.

Во првото поливреме, Македонија водеше со плус пет (8-3, па 9-4), Геција се врати на 9-8. На одморот позитивата беше на страна на нашата репрезентација (11-9).

Митев постигна шест, Илиевски пет гола, додека Ѓорѓи Николовски имаше 11 успешни интервенции на нашиот гол.

ПретходноХајдук со соопштение: Иван Перишиќ си заминува
СледноЖФК Тиверија Брера се засили со бразилска фудбалерка