Му ја дадоа “десетката“ на Меси а сега го бркаат!

192

Иако има само 21 година, Ансу Фати кој некогаш беше чудо од дете во фудбалска смисла и од него Барселона имаше големо очекувања, се чини дека е далеку од тоа да ја врати старата слава.

Барса на времето му ја даде и “десетката“ на Меси, но кариерата не се движи во нагорна линија, почнаа и позајмиците како во Брајтон.

И сега Фати мора по секоја цена, до крајот на летниот преоден рок, да ја напуши Барселона по секоја цена.

Се чини дека за оваа постапка на “каталонците“ стои фактот дека тој зема плата од 14 милиони евра годишно. Инаку и Ханси Флик, новиот стратег на Барса пред неколку недела изјави дека не смета на услугите на младиот офанзивец.

По ова сега растат шансите Фати да се пресели на Босфорот, каде неговото име се споменува како можен трансфер во Фенербахче.

ПретходноВардар – Пелистер: “Дербито на Македонија“ се игра во недела на Арена од 20 часот!
СледноМакедонија во тага: Почина Лазар Лечиќ!