Англискиот премиерлигаш Вест Хем се засили со десниот бек Арон Ван-Бисака кој доаѓа од Манчестер Јунајтед. Ван-Бисака потпиша седумгодишен договор. Трансферот ќе изнесува околу 15 милиони фунти со оглед на тоа дека играчот имаше договор со клубот од „Олд Трафорд“ до идната година.
Ван Бисака ја почна кариерата во Кристал Палас, а во 2019 година направи трансфер во Манчестер Јунајтед.
Тој е осмото летно засилување за „чеканите“, минатата недела дојде централниот бек Жан-Клер Тодибо од Ница, потоа дадоа 40 милиони фунти за Макс Килман од Вулверхемптон. Потоа голманот Вес Фодерингам и дефанзивниот играч за врска Гуидо Родригез.
Од Германија дојде Никлас Филкруг, а нови играчи се уште Луис Гиљерме и Крисенсио Самервил.
Тодибо дојде на позајмица со обврзувачки откуп идната сезона. Вест Хем потроши 132 милиони фунти за новите засилувања ова лето.
Дома Меѓународен фудбал Англија Ново големо промашување на Јунајтед: Го купи за 45 милиони фунти, сега...