Македонската кадетска репрезентација со победа ја затвори групната фаза на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите кошаркари ја совладаа Австрија со 95-88, но за жал не се пласираа во четвртфиналето на овој шампионат, таму одат Естонија како првопласирана и Шведска како второпласирана селекција (исто имаат по седум бода, но и подобра кош разлика), додека пак Македонија ќе разигрува за пласман од 9-16 место, што значи дека нема да се бори за место во елитната А Дивизија.
Противникот пружи силен отпор, по 47-44 на полувремето, нашите кадети со добра игра во третата четвртина направија важен исчекор кон победата, поведоа двоцифрено, а потоа го приведоа мечот во своја корист и покрај тоа што Австрија се закани посериозно.
Прв стрелец во нашите редови беше Ѓорѓи Цветковски со 25 поени, зад него беше Ѓорѓи Ѓорѓиевиќ со 20 поени, 7 скока и 7 асистенции.