Готово е: Миовски утре оди на лекарски прегледи во Џирона!

356

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски го дели само еден чекор од официјалната промоција во дресот на шпанскиот тим, Џирона.

Миовски утре наутро лета за Шпанија, каде треба да ги заврши медицинските прегледи, а потоа да биде претставен како ново засилување на овој клуб. Тој ќе потпише четиригодишен договор.

Трансферот на нашиот фудбалер од Абердин во Џирона „тежи“ 8 милиони евра и тој е најголем во историјата на шкотскиот клуб.

Миовски кој беше лидер на Абердин, ќе има шанса да направи голем чекор напред во својата кариера, покрај Ла Лига, тој ќе го почувствува и предизвикот наречен Лига на шампиони.

ПретходноПосле повеќе од десет години со солзи се збогува со Барселона
СледноПознат тренер за Ноле: Го допреа неговото его – па се врати посилен!