Македонскиот напаѓач Љупче Дориев продолжува да игра одлично во Узбекистан, а се најде во тимот на 15. коло од локалната Суперлига.
Дориев како фудбалер на Согдиана постигна гол во ремито со Металург Бекабад (2:2).
Македонецот со 10 гола е лидер кај листата на стрелци, два повеќе од второпласираниот, Грузиецот Табатадзе.
View this post on Instagram