Нашиот интернационалец Влатко Дробаров продолжува со добрите игри во дресот на Черно Море, во елитната лига на Бугарија. Македонскиот дефанзивец вчера во меч од 4.коло против Ботев Враца стрелаше за 1:1 во 40.минута. Подоцна неговиот соиграч Панајотов во 70.минута ги постави конечмните 2:1 за домашниот состав.
Ова беше прв гол на Дробаров во новата сезона во елитната лига на Бугарија.
Инаку Дробаров веќе четири години е во овој тим, имаше мала епизода во Сараево во тој период, и важи за еден од најдобрите фудбалери на Черно Море.