Ете и тоа може да се случи на Балканот, во Србија. Имено освојувачот на златниот медал во стрелаштво, Дамир Микец кој беше прв во двојки со Зорана Аруновиќ, си имаше проблеми синоќа кога требаше да влезе во ресторанот во кој медалистите на Србија си организираа посебна прослава. Ова се случуваше веднаш по завршувањето на пречекот на балконот во Собранието на градот.
И кога златниот олимпиец требаше да влезе во ресторанот, луѓето од обезбедувањето едноставно не го пушташе, па дојде до перипетии. Да, Микец не е Ноле или Јокиќ, па сите да го знаат, но јасно е дека треба да се има респект и за него. Па тој и го донесе првото злато на својата земја на ЛОИ во Париз.
Дури по неколку минути откако се најде фамозната пропусница Микец беше пуштен во ресторанот.
Нема што, ова е ЕПСКА БРУКА.