Клубовите, кошаркарските работинци се збогуваат со Лазо Лечиќ: Никогаш нема да си замине, секогаш ќе биде во нашите срца

471
ФОТО: МЗТ СКОПЈЕ

Македонската кошаркарска легенда, Лазар Лечиќ денеска почина на 85-годишна возраст. Популарниот „Грк“ зад себе остави бројни успеси кои засекогаш ќе бидат врежени во македонската кошарка. Тој беше почитуван не само во Македонија, туку и надвор од неа. Лечиќ беше еден од ретлите Македонци кои имаа важна улога во југословенската кошарка, беше член на репрезентацијата на Југославија која во 1970 година стана светски првак на Мундијалот кој се одржа во Љубљана.

Македонските клубови, како и  сите македонски стратези, кошаркари…тажна вест ја примија со големо жалење, тој беше извор на позитивна енергија, учител, татко и човек кој секогаш беше на страна на правдата.

На социјалните мрежи денеска со својот Лазо се збогуваат сите.

Се огласи и Арис, тимот чиј тренер беше од 1990 до 1992 година.

„Лазарос замина да се сретне со Јанис за повторно да го водат Арис заедно „од горе“. Лазарос веќе не е овде, но тој никогаш нема да си замине, тој секогаш ќе биде во нашите срца, во нашата друша. Семејството на Арис тагува, Лазар Лечиќ, никогаш нема да те заборавиме“, порачаа од клубот од Солун.

Секој до македонските кошаркарски работници имаше што да каже за големиот Лазо, оние помладите ја впиваа неговата мудрост, знаење и искуство.

ПретходноДориев повторно во тимот на колото во Узбекистан
СледноНово големо промашување на Јунајтед: Го купи за 45 милиони фунти, сега го продаде за 15 милиони