Младиот англиски напаѓач Кол Палмер прифатил продолжување на договорот со Челзи на уште две години. Претходниот договор му беше до 2031 година, а со новите две години, тој се обврза на верност до јуни 2033 година, пренесува „Скај спортс“.
Ова продолжување на договорот доаѓа по брилијантната дебитантска сезона по трансферот од Манчестер Сити. Поради тоа е во потесниот избор на најдобри играчи во Прмеиер лигата за минатата сезона. Тој настапи за Англија на ЕП во Германија.