Кошаркарите од 16 години пред дуелот со Австрија останаа без шанса за 1/4 финале

147

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација остана без шанси за пласман во 1/4 финалето на ЕП „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Ова значи дека со победа над Австрија, Македонија нема да се бори за висок пласман, а за ова решија Естонија и Шведска, меч кој заврши со победа на шведските кошаркари (78-77).

Македонската кошаркарска репрезентација ќе се бори за пласман од 9-16 место.

Во драматична завршница судиите досудија прекршок што требаше да значи две слободни фрлања за Естонија на 0,9 секунди до крајот при негатива од еден поен и шанса за Македонија за четвртфинале. Но, арбитрите ја променија одлуката, доделија само топка од страна, по што Естонија не успеа да реализира за толку кратко време и ја лансираше Шведска во битката за висок пласман.

Мечот меѓу Македонија и Австрија стартува во 18:30 часот.

ПретходноНорвежанец е наследникот на Олмо во Лајпциг
СледноКол Палмер го продолжи договорот со Челзи до 2033 година