Македонија тагува. На 85 години почина Лазар Лечиќ, иконата на македонската кошарка. Еден од најистакнатите кошаркарски работници во Македонија, но и во екс Југославија. Човекот кој остави длабока трага и не само на кошарката на овие простори.
Лазо беше тренер од највисока класа во свое време. Тој беше човекот кој важи за основоположник на македонската кошарка.
По негово водство Работнички беше еден од најголемите клубово во некогашната држава, беше почитуван и респектиран. Беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија на СП 1970 година кога за првпат беше таа земја стана светски шампион.
Во Македонија работеше и во МЗТ Скопје и во други клубови, а надвор работеше и како тренер на Арис, таму исто така стана легенда.
Немаше човек во кошарката и спортот кој за Лазо не говореше се пиетет, човекот си ја знаеше својата работа. Знаеше како да дојде до поакуваната цел.
Беше добитник на неколку државни награди како и онаа “8 Септември“.
Погребот ќе се изврши утре (14 август) на гробиштата во Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 10:30 до 11:30 часот во текот на утрешниот ден.