Најлошата натпреварувачка на ЛОИ ќе заработи милиони

392

Австралијската брејкденсерка Рејчел Ган според многумина е најлошата натпреварувачка на Олимписките игри во Париз. Таа стана сензација на интернет бидејќи со својот настап не освои ниту еден поен. Судиите ја гледаа Ган во три изведби каде таа отскокнуваше и се тркалаше на подот без ритам, а гледачите потоа шокирано коментираа на социјалните мрежи.

Ган се бранеше дека сите потези сама ги смислила и затоа се единствени. На крајот толку се прослави што маркетинг експертот Макс Марксон тврди дека ќе стане милионер:

„Таа веќе има голем бренд, нејзината репутација во Австралија не е голема, но таа е позната во остатокот од светот. Ќе добие меѓународни понуди од брендови за спортски обувки како Адидас и Пума, прехранбени компании, електрични автомобили, а ќе добие и понуда од светот на телекомуникациите. Нови ѕвезди потпишуваат договори со три до пет компании, а таквите договори се плаќаат за половина милион долари. Таа е на пат да заработи до 2,5 милиони долари“.

Многумина веруваат дека Ган, чие уметничко име е Рејгун, намерно се пошегува со нејзиниот настап за да добие популарност.

ПретходноКол Палмер го продолжи договорот со Челзи до 2033 година
СледноНБА класика и меч за историја на стартот на новата сезона!