НБА класика и меч за историја на стартот на новата сезона!

1113

Честа да ја отворат новата сезона во НБА лигата им припадна на кошаркарите на Бостон Селтикс и Њујорк Никс, кои силите ќе ги одмерат на 22 октомври, а потоа Лос Анџелес Лејкерс ќе се сретне со Минесота Тимбервулфс.

Во првиот натпревар од вечерта, актуелните шампиони ќе ги добијат прстените пред да се соочат со Никс.

Во вториот натпревар Минесота ќе биде домаќин на Лос Анџелес Лејкерс. Овој дуел би можел да биде историски, бидејќи Леброн Џејмс и неговиот син, Брони Џејмс би можеле првпат да играат заедно на еден натпревар од најсилната лига во светот.

Редовниот дел од сезоната ќе трае до 13 април, плеј-инот од 15 до 18 април, додека најважниот дел, плеј-офот ќе започне на 19 април.

Исто така, второто издание на новосоздадениот НБА куп ќе се одржи од 12 ноември до 17 декември.

ПретходноНајлошата натпреварувачка на ЛОИ ќе заработи милиони
СледноДуелот меѓу Македонија и Австрија почна со минута молчење во чест на Лазар Лечиќ!