Сослушувањето за 115-те обвиненија на Сити почнува во септември

97

Независна комисија ќе започне со разгледување на 115-те обвиненија против Манчестер Сити со прекршување на правилата на англиската Премиер лига, не во ноември, како што беше претходно планирано, туку кон средината или крајот на септември, под услов да нема дополнителни одложувања, пренесува Тајмс.

Премиер лигата го обвинува Манчестер Сити за бројни прекршувања на финансиските правила, кои според нив се случиле од сезоната 2009/2010 до сезоната 2017/2018. Случајот содржи повеќе од 100 „епизоди“ во кои клубот наводно давал неточни информации за своите приходи, расходи, како и за платите на тренерите и играчите.
Премиер лигата, исто така, тврди дека Сити ги прекршил правилата за финансиски фер-плеј и не соработувал со лигата за време на истрагата што започна во 2018 година.

Процесот ќе трае околу 10 недели, а конечната одлука ќе биде објавена на почетокот на 2025 година.
Дополнително, во следните две недели се очекуваат резултатите од судењето на тужбата на Сити против Премиер лигата, во врска со правилата за работа со спонзорите.

ПретходноЖФК Тиверија Брера се засили со бразилска фудбалерка
СледноБејер е замената за Филкруг во Борусија Дортмунд