“Јокиќ, после Џордан, е најдобар во историјата“!

498

Повеќе од јасно е дека Никола Јокиќ во моментов е најдобриот кошаркар во светот. Тоа уште еднаш и тоа јасно го докажа на ЛОИ во Париз каде одигра фантастично и за малку речиси сам ќе ка победеше селекцијата на САД во полуфиналето.

Тоа го почитува и контроверзниот газда на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој е познат по честите изливи на гнев додека игра неговиот клуб, необичните изјави, но факт е дека кај популарниот Грк нема место за спортска дипломатија, па тој го кажува тоа што навистина го мисли.

Па така на страницата “Staу serbian“, Јанакопулос се изјасни дека Никола Јокиќ, после Мајкл Џордан, е најдобриот кошаркар во историјата!

Интересно, се разбира дека ова мора да му годи на Србинот и кошаркарот на Денвер.

Претходно„АС“:Понудата не е одбиена, Реал за Винисиус бара милијарда евра!
СледноЕве што правеше Новак по улиците на Белград! (ВИДЕО)