Бејер е замената за Филкруг во Борусија Дортмунд

133

Борусија Дортмунд го продаде репрезентативецот Никлас Филкруг во Вест Хем, а на негово место во нападот го донесе Максимилијан Бејер од Хофенхајм. Бејер има само 21 година и доаѓа од Хофенхајм. Тој претходно две сезони играше како позајмен во Хановер.
Бејер со Дортмунд потпишал договор на пет години, а сумата изнесува околу 30 милиони евра. Претходно Дортмунд ги донесе централниот бек Валдемар Антон и напаѓачот Серхиу Гираси од Штутгарт, играчот од средниот ред Паскал Грос, а десниот бек Јан Коуто дојде од Манчестер Сити на позајмица.

ПретходноСослушувањето за 115-те обвиненија на Сити почнува во септември
СледноНорвежанец е наследникот на Олмо во Лајпциг