Дробаров стрелец за Черно Море во победата над Ботев Враца! (ВИДЕО)

122

Нашиот интернационалец Влатко Дробаров продолжува со добрите игри во дресот на Черно Море, во елитната лига на Бугарија. Македонскиот дефанзивец вчера во меч од 4.коло против Ботев Враца стрелаше за 1:1 во 40.минута. Подоцна неговиот соиграч Панајотов во 70.минута ги постави конечмните 2:1 за домашниот состав.

Ова беше прв гол на Дробаров во новата сезона во елитната лига на Бугарија.

Инаку Дробаров веќе четири години е во овој тим, имаше мала епизода во Сараево во тој период, и важи за еден од најдобрите фудбалери на Черно Море.

ПретходноЕве што правеше Новак по улиците на Белград! (ВИДЕО)
СледноВардар – Пелистер: “Дербито на Македонија“ се игра во недела на Арена од 20 часот!