ЖФК Тиверија Брера се засили со бразилска фудбалерка

235

ЖФК Тиверија Брера почнува да го крои и женскиот тим за претстојната сезона во женската Прва македонска лига. Нова членка на Брера е бразилската фудбалерка Тчеури Харуми Гоја која доаѓа од актуелниот шампион ЖФК Љуботен.
Гоја има 30 години и во кариерата има настапувано за Сантош, Порто Вељо, Аудакс, Спартак Суботица и Денизли. Пред неа, Брера ја врати и репрезентативката Пале Николовска.

ПретходноКадетите поразени од Грција, шансата за опстанок се вика Италија
СледноСослушувањето за 115-те обвиненија на Сити почнува во септември