Комплетирани се двојките за плеј-офот во ЛШ: Ристовски и Адеми го дознаа противникот

930

Комплетиран е списокот на двојки во плеј-офот во Лигата на шампиони, откако вечерва се одигра реваншот во рамките на третото квалификациско коло.

Слован Братислава со нерешено се пласираше во следната фаза, каде ќе игра Бодо Глимт откако славеше против Јагелонија на Дарко Чурлинов со 4-1. Фенербахче предводен од Жозе Мурињо не успеа да се најде во плеј-офот беше елиминиран од Лил.

Салцбург одигра нрешено 3-3 против Твенте, но се најде на посакуваниот список благодарение на победата од првиот дуел. Во голема драма и продолженија, Малмо оди во следната рунда по триумфот против ПАОК на гости од 4-3.

Уште меч заврши без победник, Митјиланд одигра 1-1 против Ференцварош и оди понатаму, Карабх беше убедлив против Лудогорец со 2-7. За противник во следната фаза Карабах ќе го има Динамо Загреб на македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Спарта Прага, Славија Прага и Динамо Киев дојдоа до победи вечерва за потврда на местата во главната рунда.

ДВОЈКИ, ПЛЕЈ-ОФ ЛШ

Јанг Бојс – Галатасарај

Динамо З. – Карабах

Митјиланд – Слован Братислава

Бодо Глимт – Црвена Звезда

Малме – Спарта Прага

Лил – Славија Прага

Динамо Киев – Глазгов Ренџерс

ПретходноЈунајтед ги официјализираше засилувањата од Баерн Минхен
СледноМурињо по елиминацијата: И така немаше да ја освоиме Лигата на шампионите