Норвежанец е наследникот на Олмо во Лајпциг

286

Шпанскиот крилен фудбалер Дани Олмо го напушти РБ Лајпциг и се пресели во Барселона. Германскиот клуб веќе ja донесе неговата замена, се работи за 19-годишниот крилен играч на Клуб Бриж, Антонио Нуса.

Тој потпиша петгодишен договор, а неофицијално зделката чини 21 милиони евра фиксно плус бонуси што значи дека сумата ќе биде повисока.

Нуса е норвешки репрезентативец кој кариерата ја почнал во Стабек. Во летото 2021 година прави трансфер во Бриж, а во септември следната година постигна гол во победата над Порто со 4:0 и со тоа стана најмладиот Норвежанец со настап но и со гол во елитното европско клупско натпреварување.
Нуса има и седум настапи за Норвешка и еден гол.

ПретходноБејер е замената за Филкруг во Борусија Дортмунд
СледноКошаркарите од 16 години пред дуелот со Австрија останаа без шанса за 1/4 финале