Штета: Кадетите ја победија Австрија, но останаа без четвртфинале

373

Македонската кадетска репрезентација со победа ја затвори групната фаза на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите кошаркари ја совладаа Австрија со 95-88, но за жал не се пласираа во четвртфиналето на овој шампионат, таму одат Естонија како првопласирана и Шведска како второпласирана селекција (исто имаат по седум бода, но и подобра кош разлика), додека пак Македонија ќе разигрува за пласман од 9-16 место, што значи дека нема да се бори за место во елитната А Дивизија.

Противникот пружи силен отпор, по 47-44 на полувремето, нашите кадети со добра игра во третата четвртина направија важен исчекор кон победата, поведоа двоцифрено, а потоа го приведоа мечот во своја корист и покрај тоа што Австрија се закани посериозно.

Прв стрелец во нашите редови беше Ѓорѓи Цветковски со 25 поени, зад него беше Ѓорѓи Ѓорѓиевиќ со 20 поени, 7 скока и 7 асистенции.

ПретходноДуелот меѓу Македонија и Австрија почна со минута молчење во чест на Лазар Лечиќ!
СледноПосле повеќе од десет години со солзи се збогува со Барселона