Никола Секулов, кој одлучи да не игра за Македонија туку за Италија и очигледно погреши или се прецени, од денеска и официјално е нов член на Сампдорија. Откако на него и дефинитивно не сметаше новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота, Секулов одлучи да направи трансфер во Сампдорија.
Инаку Секулов додека беше член на Јуве, постојано беше праќан на позајмици, а претходно играше за младинските екипи на гигантот од Торино, па така сега ќе мора да се докажува во клубот од Џенова, некогашниот финалист во ЛШ од 1992 година.