Кошаркарскиот клуб Партизан соопшти дека салата „МТС“ е распродадена за најавената „црно-бела симфонија“.
Настанот кој е закажан за 19 август и ќе ја собере црно-белата заедница за претставување на новиот тим за новата сезона, привлече огромно внимание кај навивачите на Партизан.
Како што соопштија од клубот, сите билети се распродадени за само 90 секунди по пуштањето во продажба.
Претседателот на Партизан Остоја Мијаиловиќ уште во текот на летото најави дека претставувањето на тимот ќе биде невообичаено за нашите услови и простори, па затоа клубот не најави ниту едно засилување освен за првите три, а тоа се: Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг и Френк Ниликина.
Za svega 90 sekundi, rasprodate su sve ulaznice za CRNO-BELU SIMFONIJU! U ponedeljak, 19. avgusta, upoznaćete crno-beli tim.🎶⚫️⚪️#KKPartizan pic.twitter.com/9vzcBW3Bzv
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) August 14, 2024