Реал Мадрид нема да може да смета на играчот за врска Едуардо Камавинга на денешната пресметка со Аталанта за Суперкупот на Европа, пренесуваат шпанските медиуми.
Причината за отсуството на францускиот репрезентативец е тоа што тој го повреди левото колено за време на двонасочниот натпревар на последниот тренинг на Мадрид во пресрет на вечерашната пресметка во Варшава.
Првичните прогнози се дека повредата не е сериозна, најверојатно исчашување на коленото. Камавинга денеска ќе биде подложен на тестови кои повеќе ќе ја расветлат повредата. Тој требаше да го започне натпреварот, но на крајот ќе биде заменет со Аурелиан Чуамени или Лука Модриќ.
Eduardo Camavinga’s injury is not for the faint-hearted. #RealMadrid pic.twitter.com/awRyvC3JLP
— Football España (@footballespana_) August 14, 2024