Бугарската фудбалска репрезентативка, Антонина Шопска, се врати во Македонија и повторно ќе игра за екипата на ЖФК Каменица Саса. Таа претходно со оваа екипа го освои Купот на Македонија и настапуваше во ЛШ против Јувентус и Бешикташ. Се работи за брзонога крилна фудбалерка.
Инаку таа во Каменица доаѓа од редовите на ЖФК Спортика од Бугарија.