Брозовиќ нема веќе да игра за Хрватска!

99

Марсело Брозовиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, денеска објави дека нема веќе да биде дел од селекцијата на Хрватска, за која одигра 99 мечеви. Очекувано ако се знае дека тој поради фактот што веќе извесно време игра во С.Арабија, а поради годините се разбира.

Инаку Марсело беше дел од златната генерација на “коцкестите“ кои во 2018 година на СП во Русија играа во финалето на овој Мундијал и беа поразени од Франција, а на СП во Катар 2022 години дојде до бронзата.

Претходно од репрезентацијата се повлече и Иван Ракитиќ, па така сега од таа “златна тројка“ во средниот ред која со години беше една од најдобрите во светот на репрезентативниот фудбал, остана само уште Лука Модриќ.

ПретходноМодриќ вечерва може да стане најтрофејниот “крал“ во историјата на Реал Мадрид!
СледноИ Реал потврди: Камавинга 6 -7 недели во “аут“, а еве како се повреди!(ВИДЕО)