И Реал потврди: Камавинга 6 -7 недели во “аут“, а еве како се повреди!(ВИДЕО)

200

Едуардо Камавинга, младиот играч за врска на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку 6 – 7 недели или околу два месеци. Тој вчера на последниот тренинг пред вечерашниот меч од Супекупот со Аталанта, го повредил внатрешниот колатерален лигамент и затоа нема да биде во составот на вечерашниот меч, но и на сите мечеви на Реал до октомври.

Оваа вест попладнево ја потврдија и од страна на клубот од Мадрид.Image

Се разбира дека оваа повреда ќе му создаде дополнителни главоболки на стратегот на “кралевите“ Дон Карло Анчелоти.

А од видеото можете да видите како Камавинга се повреди:

ПретходноБрозовиќ нема веќе да игра за Хрватска!
Следно26-та повреда: Јунајтед без левиот бек на стартот на сезоната