Второто странско засилување за екипата на КК Феникс 2010 ова лето е Американецот Адам Сисе кој ќе дебитира на европската сцена по успешните настапи за Универзитетите Мејн и Менхетен!
Дваесетитригодишникот кошаркар кој висок 208 сантиметри е добро познат по атлетизмот и фантастичната заштита на рекетот.Имено изминатата сезона настапи на 30 натпревари во силната НЦАА дивизија бележејќи просек од 3.7 поени, 4.0 скокови и 1.4 блокови по натпревар.