Мега – спектакл: Светските рекордери со скок со стап и на 400 метри ќе се тркаат на “стотка“ во Цирих!

997

Се спрема атлетски мега – спектакл и тоа во Цирих и тоа на 4 септември, еден ден пред големиот атлетски митинг на Дијамантската лига.

Имено на 100 метри еден против друг ќе се тркаат Арманд Дуплантис (Шведска) кој е светски рекордер во скок со стап и олимписки шампион од Париз и Карстерн Вархолм (Норвешка) кој е светски рекордер на 400 метри и србрен на ЛОИ во Париз.

Ваква трка меѓу двете мега – ѕвезди во атлетиката одамна се планирала, но ете сега дојде време истата да се одржи.

Инаку Дуплантис на “стотка“ има најдобро време од 10,57 секунди, додека Вархолм има најдобро време од 10.49 секунди.

Овој историски спектакл го најави самит Дуплантис кој во Париз пред неколку дена за време на ОИ скокна 6.25 метри и со тоа го собори сопствениот светски рекорд.

ПретходноРоналдо со гол и асистенција го однесе Ал Наср во финалето на Суперкупот
СледноВардарци подобри од Тиквеш на струшкиот ракометен турнир