ОФИЦИЈАЛНО: Бруно го продолжи договорот со Јунајтед до 2027 година

100

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш останува на „Олд Трафорд“. Клубот соопшти дека е продолжена соработката до 2027 година со опција да биде потпишан договор на уште една сезона – до 2028 година.
Не е позната висината на платата според новиот договор, но се пишува дека ќе биде најплатениот играч на „црвените ѓаволи“.
Бруно дојде во Манчестер во 2020 година и до сега има 234 настапи и 79 голови, 67 асистенции. Од трофеи ги освои ФА купот и Лига купот.

ПретходноШчесни по седум години го напушти Јувентус
СледноРоналдо со гол и асистенција го однесе Ал Наср во финалето на Суперкупот