Пелистер со победа од 17 разлика над Струга го стартуваше струшкиот турнир

237

Екипата на Пелистер со +17 голови разлика ја совлада домашната екипа на Струга на стартот на традиционалниот меѓународен струшки турнир. Актуелниот шампион славеше победа со 39-22.
Стружани добро парираа некаде до 15-тата минута (9-9), а потоа Пелистер ги сврте работите во своја насока. Набрзина направи пресврт и поведе со два гола разлика, на полувреме отиде со водство од 18-14.
Во вториот дел домашните дури осум минути немаа постигнато гол, а за тоа време Пелистер отиде на предност од 22-14. Всушност струшката екипа во второто полувреме постигна само седум гола, додека гостите ја изрешетаа нивната мрежа.

Кај Пелистер, Атанасијевиќ беше најдобар стрелец со шест постигнати гола, додека кај Струга пет голови постигна Летиќ.

ПретходноСамо во ПЛ: Преку социјалната мрежа „Х“ ќе се следат одлуките на ВАР!
СледноСуперкуп на Европа: Мбапе стартер за Реал против Аталанта