Промоција: Работнички се засили со интернационалец од Јамајка! (ФОТО)

153

Ревалдо Мичел (22), напаѓач од Јамајка е ново име во редовите на некогашниот шампион на Македонија, тимот на Работнички. Клубот од Дебар Маало попладнево се пофалија дека имаат и официјално ново име во своите редови.

Мичел кој може да игра на неколку позиции во нападот, доаѓа од клубот Ватерхаус од Јамајка, претходно играл и за други клубови во својата земја.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Работнички и Македонија на Ревалдо Мичел ќе му бидат први интернационални предизвици.

Од Работнички се најавува дека до крајот на преодниот рок, до 6 септември, тимот на стратегот Горан Станиќ ќе се засили со уште некое ново име.

ПретходноОфицијално: Гостивар ќе биде домаќин во Штип!
СледноМакедонскиот мотоциклист Бузалковски блесна со бронза на Европскиот шампионат во Хрватска