Во петок, со мечот Манчестер Јунајтед – Фулам стартува новата сезона во најсилната лига во светот, во Премиерлигата. И Англичаните не би биле Англичани ако не воведат барем една новост за следната сезона, а тоа ќе се види како ќе се применува уште на овој прв меч во сезоната.
Имено преку социјалната мрежа „Х“ преку профилот „PL Match Centre“ ќе може секој да види, и обичните гледачи, како се донесуваат ВАР одлуките.
Интересно во секој случај.
Раководството на Премиерлигата ова го прави со цел да им приближи на фановите како се носат одлуките кога ќе има потреба за такво нешто.
Накусо, следачите на овој профил на мрежата “Х“ во најкус можен рок ќе добијат објаснување зошто е донесена таква одлука од страна на ВАР.