Светскиот првак добива нов тренер

273

Германската кошаркарска репрезентација наскоро ќе именува нов селектор на местото на Гордон Херберт.

Одличниот стручњак кој ги доведе Германците до титулата светски првак, а потоа и до борбата за бронза на Олимписките игри, каде Србија им се реваншираше за поразот во финалето на Мундобаскетот, најави дека ќе ја напушти клупата на националниот тим после Париз.

Неговата следна дестинација треба да биде Баерн Минхен и за прв пат ќе води тим од Евролигата. Негов заменик на германската клупа ќе биде неодамнешниот тренер на Валенсија, Алекс Мумбру, чиј ангажман со овој шпански клуб заврши во април, пред крајот на втората сезона во тимот.

Официјалното деби на новиот селектор на Германија се очекува на 22 ноември, кога таа селекција ќе има квалификациски меч за Евробаскетот со Шведска. Во претходните квалификации Германија беше подобра од Црна Гора и загуби од Бугарија.

Претходно„Vamos“: Во очекување на промоцијата “протече“ видео со песна за Бојан Миовски !(ВИДЕО)
Следно“Чкембари“со специјално видео го најавуваат гостувањето во Скопје! (ВИДЕО)