Серафимов и Фехервар елиминирани од ЛК, а РФС ја забележа највисока победа во историјата

207

Екипата на Фехервар го загуби и вториот дуел со кипарска Омонија и на тој начин се прости од настапите во Европа оваа сезона.
Фехервар го загуби првиот меч со 1:0, а вечерва на свој терен можеше да надополни, меѓутоа го загуби и тој дуел со 0:2 и испадна.
За унгарската екипа цел меч одигра македонскиот интернационалец Никола Серафимов. Тој ги одигра сите минути и на првиот меч на Кипар.

А летонската екипа РФС ја запиша највисоката победа во клупската историја. На домашен терен ја совладаа Санта Колома од Андора со 7:0 па со вкупни 9:0 (2:0 на првиот меч) се пласира во плеј-офот на Лига Европа.
Во првото полувреме по 22 минути игра Икауниекс постигна хет-трик.

ПретходноСуперкуп на Европа: Мбапе стартер за Реал против Аталанта
СледноСимболот на црногорскиот женски ракомет најави пензионирање