Најдобрата црногорска ракометарка, Јованка Радичевиќ објави дека ќе ја заврши кариерата по завршување на сезоната 2024/25. Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар зад себе има успешна кариера, еднаш ја освои титулата во ЛШ, а три пати загуби во финалето на ова натпреварување, додека четири пати беше избирана во идеалниот тим на ЛШ.
Таа со 1141 гол е најдобар стрелец во историјата на ЛШ. Исто така беше европски шампион во Црна Гора на ЕП 2012 година, бронза на ОИ во Лондон истата година.