Србите сметаат дека се оштетени против САД, се огласи еден од судиите!

895

Адемир Зураповиќ, е еден од судиите кои ја делеа правдата на контроверзниот меч меѓу Србија и САД на Олимписките игри во Париз. По бројните критики од Србија кон судиската тројка – во која, додуша, има најмалку поплаки за неговата работа, тој одговараше на прашања за прозивките и како што се наведува „линчот од Србија“ против него.

„Нема да одговарам за такви работи, секој нека одговара за своите постапки, едноставно не сакам да зборувам за тоа, да долевам масло на огнот“, изјави за „Рапорт.ба“ судијата од Босна и Херцеговина и додаде: „Ако ја судите првата фаза од Игрите во Париз, потоа четвртфиналето и потоа полуфиналето, и ако погледнете што судев на претходните Игри во Токио, мислам дека тоа кажува се. Сега имам кратка пауза, а потоа нова сезона во која повторно ќе судам на меѓународна сцена, во Лигата на шампионите на ФИБА“.

Она што „падна во очи“ се грешките на судијата од Панама, и моментот кога не примети дека Кевин Дурант јасно гази на аут линијата на два метри од него. Тој овој момент го прескокна и не додели напад за Србија.

ПретходноРебиќ ќе биде замената за Перишиќ во Хајдук
СледноПовреда во последен момент ги смени плановите на Анчелоти пред стартот на Суперкупот