„Кралевите“ шести пат со трофејот од Супер купот, Модриќ најтрофеен во историјата на Реал

602
FOTO> Twitter;/ UEFA Champions league

Реал Мадрид доминира во Европа. По европската титула, сега го освои и трофејот од УЕФА Суперкупот. Со победа над Аталанта ја отворија сезоната во Европа. Се надеваат дека ќе продолжат во исто темпо.
„Кралевите“ по шести пат се радуваат на Суперкуп трофејот. Претходно го освојуваа во 2002, 2014, 2016, 2017, 2022. Губеа во 1998, 2000 и 2018 година.
И првпат во меч од Суперкупот победуваат италијанска екипа.

Севкупно гледано Шпанија е најуспешна во ова натпреварување со 17 трофеи.

Лука Модриќ е најтрофеен играч на Реал Мадрид. Хрватот вечерва го крена 27 трофеј нешто што никому не му успеало претходно.

ПретходноМбапе стрела на дебито, Реал Мадрид е освојувач на европскиот Суперкуп
СледноМбапе по освојување на трофејот: Долго време го чекав овој момент!